Четири лица учествувале во тепачка во Струга

- Локални, Хроника
1170

На 29-ти ноември оваа година, во 23 часот и 45 минути, на улицата „15 корпус“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир  со тепачка помеѓу А.М.(27) од една и Г.М.(34), О.С.(35) и Л.Ч.(37 ) од друга страна, сите од Струга.

-Поради утврдена алкохолизираност, Л.Ч. е приведен во Секторот за внатрешни работи Охрид додека останатите лица се повикани на разговор во полициската станица во Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото:aрхива

 

Facebook Коментари