Владимир Четкар го промовира новиот музички спот за најновиот сингл насловен како “Don’t Make Me Wait” и најавува концерт во Охрид што ќе се одржи на 3-ти август.
Видеото е снимено на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски а во продукција на “Harmonia Productions LLC”.
“Don’t Make Me Wait” или “Не Оставај Ме да Чекам” е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач (вокал и гитара).
Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар “Let Us be” кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18-ти септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа “P-Vine Records” за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.
“Don’t Make Me Wait” е снимена комплетно со жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција како и водечки и пратечки вокали изведени од Четкар) во Чикаго во студиото “Electrical Audio” и во “Hi Fi Studios” во Милвоки.
Исто така на 3-ти август, сабота, Четкар со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл ќе оддржи концерт во Охрид во “Despina Lounge” на крајбрежјето на Охридското Езеро, на оддалеченост од само десетина минути пеш од каналот Студенчишта. За резервации и инфо за концертот сите заинтересирани можат да се јават на 074 233 898 / 074 244 159.
Facebook Коментари