Членовите на клубот „Учиме право“ во посета на Општина Струга

- Локални
104

Денеска во посета на Општина Струга беа членовите на младинскиот клуб при Младински образовен форум и здружението за развој и активизам „Аква“.

Членовите на „Учиме право“- клубот кои во својата програма учат за локална самоуправа имаа можност да дискутираат со градоначалникот за начинот на работа и функционирање на локалната самоуправа, но и за проблемите со кои се соочуваат младите.

„ Учениците одблиску се запознаа со работењето на различните сектори и се запознаа со општината како единица на локалната самоуправа кој се грижи за граѓантите и секогаш е тука да им излезе во пресрет посебно на младите.“ – велат од Општина Струга.

Ваквите посети се одлична можност за младите да го разберат функционирањето на општината како институција, но и лично со градоначалникот да ги продискутираат проблемите и предизвиците.

Strugaonline

фото: Oпштина Струга

Facebook Коментари