Членовите на шаховска школа -Струга постигнаа голем успех на Екипното првенство на Македонија

- Локални, Спорт
921

Викендов во Скопје се одржа Екипно првенство на Македонија за млади во шах.

Првенството се играше во шест категории односно 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години.

Шаховската школа Струга (Алкалоид) учествуваше со осум натпреварувачи по категории, и постигна одлични резултати.

Во категоријата до осум години екипата во која играше Лука Симоноски освои трето место .

Во категорија до 12 години, екипата на Герасим Кумбароски и Ивана Велкоска  освоија прво место.

Категорија до 14 години екипата на Георг Фармакоски освои второ место.

Во категорија до 16 години , екипата во која се натпреваруваа Стојан Велкоски и Иван Велкоски  освоија прво место.

Во категорија до 18 години, екипата во која играа Јана Анѓелкоска и Адмирим Исмаили освои второ место.

-Честитки до сите. Ова е голем успех на членовите на шаховска школа Струга. Ќе се потрудиме и во иднина да го развиваме младинскиот шахво Струга.-изјави Ѓоко Котески од Шаховска школа Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари