„Човекот амфибија“ – Јане Петков повторно ќе плива врзан со ланци во Охридското езеро

- Занимливо, Локални
1125

Охрид ќе биде домаќин на уште еден подвиг за Гинис на „човекот амфибија“ како го нарекуваат Јане Петков од Петрич, Бугарија.

Тој на 24-ти јули 2018 година ќе се обиде да преплива должина поголема од 3,5 км и постави нов Гинисов рекорд во Охридското Езеро, врзан со ланци и во вреќа. Финалните подготовки за овој подвиг Јане Петков ќе ги изведува во Охрид, од 10-ти јули.

Јане Петков е роден во 1954 година, а веќе го постави Гинисовиот рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2.388 метри, за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди, токму ва Охридското Езеро, на патеката Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.

Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри во Индискиот океан на први декември 2013 година.

Извор: ОхридПрес

Strugaonline

 

Facebook Коментари