ЦЈЗ: Нашите мобилни тимови се подготвени за домашни посети на сите на кои им е потребна помош

- Здравје, Локални
195

Во овие студени, снежни зимски денови, доколку се чувствувате немоќни, а имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, нашите мобилни тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид. Таму ќе се обават потребните услуги и ќе се земат соодветните материјали за микробиолошка анализа, информираат од ЦЈЗ.

– Доволно е само да се јавите на еден од нашите телефони 046/231-030 или 078/488-255, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно уредно издаден упат од матичен лекар, додаваат од Центарот за јавно здравје.

Извор и фото: ЦJЗ

Strugaonline

Facebook Коментари