Daniela La Luz доаѓа на фестивалот „Енхалон“ во Струга!

- Забава, Локални
89

DANIELA LA LUZ доаѓа на фестивалот „Енхалон“ како хедлајнер на втората фестивалска вечер.

DANIELA LA LUZ е една од клучните фигури на германската електронска сцена, композитор, продуцент, текстописец, вокалист и ко-сопственик на издавачката куќа Parallel Berlin. Во 2010-тат година на QWARTZ Electronic Music Awards во Париз освојува наградта со нејзината трака EllE Routine во категоријата Dancefloor & Clubbing и истата се сместува на компилацијата издадена од Syncopated Musik / Minneapolis / US), заедно со артисти како Laurie Anderson, Gudrun Gut, Alejandro Jodorowsky, François Bayle и други. Нејзината музика многу често знае да се најде во сетовите на Laurent Garnier, Sven Väth, Ken Ishii, DVS1, Guy Gerber, Solomun, и Marcel Dettmann. Организаторите најавуваат на 15-ти јуни магична вечер на отворено.

Локација: Летна сцена / Центар за Култура, Струга.  Веднаш по нејзиниот сет фестивалот се сели на афтер парти крстарење.

Strugaonline

Facebook Коментари