Македонската традиционална таеквон-до федерација викендов со шест натпреварувачи настапи на Меѓународниот турнир А класа „Софија опен 2023“ во соседна Бугарија, а еден од нив беше Давид Крстески од клубот Сонкал од Мислешево.
Крстески освои два бронзени медали -еден медал во борби и еден во форми.
Тој ја помина групата совладувајќи ги претставниците од Бугарија и Италија, додека во полуфинале беше совладан од претставникот на Грција, уморот го направи своето, а пред само една седмица во Зворник Давид го освои првото место.
Давид има 16 години, таеквондо тренира од својата седма година, а на осум години веќе почнал да се натпреварува. Тој е првиот македонец кој има освоено медал на Европско првенство на 11-годишна возраст, конкретно станува збор за трето место на Европското првенство што во 2019 година се одржа во Римини, Италија.
Во 2022 година Крстески го освои второто место на Европското првенство во Хрватска.
На турнирите низ Европа има освоено околу 100 медали и шест пехари за најдобар играч на турнири.
Освен играч, Давид е и тренер во клубот ,,Сонкал. “
Strugaonline
Facebook Коментари