Денес стартува петтото издание на фестивалот на краток филм Drim Short

- Забава, Локални
123

Денес стартува петтото издание на фестивалот на краток филм Drim Short кое ќе се одржи од 29-ти јули до 1-ви август во Струга под мотото „Сонувајте кратко”. Летно издание, за сонувачи, за многу бои, за шаренило од топли емоции собрани на големото платно од летната сцена во Домот на поезија. “Dream short” на Drim Short. Игра со зборови, каде сонот, нашиот фестивал и Дримот стануваат едно.

Официјалното отварање е денес, на Летна Сцена во 18:30 часот со промоција на книгата „Филмски великани” од Сунчица Уневска и изложба на Милко Нестороски и Лида Шерафатман – ‘The dreams of nature, souvenirs of reality’.

Од 20:30 – 21:20, следуваат кратките филмови: I am afraid to forget your face, Marlon Brando и Witness.

Од 21:30 – 22:23, следуваат кратките филмови: The News. Egg Shells, Would you look at her.

Од 22:30 – 22:31, следуваат кратките филмови: Perpetual Night, Maalbeek, Apiyemiyeky?.

Од 23:31 – 24:16, следуваат кратките филмови: To Vasota, I win, Fish Like Us.

StrugaOnline

Facebook Коментари