Денес втор ден на петтото издание на фестивалот на краток филм Drim Short

- Забава, Локални
131

Вчера започна петтото издание на фестивалот на краток филм Drim Short кое ќе се одржи од 29-ти јули до 1-ви август во Струга под мотото „Сонувајте кратко”. Летно издание, за сонувачи, за многу бои, за шаренило од топли емоции собрани на големото платно од летната сцена во Домот на поезија. “Dream short” на Drim Short. Игра со зборови, каде сонот, нашиот фестивал и Дримот стануваат едно.

Денес, продолжуваат со едукативна програма која вклучува онлајн мастерклас на реномирани имиња од европската филмска индустрија: ‘Short docs: Why so popular and how to see them!’ со Ветон Нуроколарина.

Од 20:30 – 21:33, следуваат кратките филмови: Between you and Milagros, Solution for Sadness и Swimmer.

Од 21:40 – 22:33, следуваат кратките филмови: Organisms. Snake и Mamaville.

Од 22:33 – 23:35, следуваат кратките филмови: Santiago 1973-2019, Souvenir Souvenir, Mission: Hebron и The Pit.

Од 23:35 – 23:43, следуваат кратките филмови: The Feat Instanbul Depression и My Dad the Clown.

StrugaOnline

Facebook Коментари