Денеска е последен рок за пријавување на Отвореното првенство ,,Дрим Триатлон“- Струга

- Локални, Спорт
526
Денеска е последен ден за пријаување на Отвореното првенство ,,Дрим Триатлон“ Струга што ќе се одржи на 19.09.2021 во автокампот Ас Камп-Струга. Пријавувањето се врши онлајн на овој ЛИНК
,Никогаш не е доцна, а сега е вистинско време да се пријавите и да се обидете во сите три дисциплини.   Воедно, ги повикуваме сите стружани , спортисти, спортски здруженија ,поддржувачи на спортот, медиуми и  сите членови на Триатлон клубот и пливачката школа од 3 Disciplines да бидат дел од овој спортски настан.“ – велат организаторите.
Од таму додаваат дека Струга е позната по одличната организација и гостопримство.
Нивната цел меѓудругото е и да ја продолжат одличната организациска приказна “Балканска веслачка регата” што ја започнаа нивните спортски колеги од Веслачкиот клуб Струга .
Ова е вториот триатлон за 2021 година. Натпреварот е во организација на Триатлон клубот 3Дисциплинс Струга, а технички организатор е Триатлон федерацијата на Македонија.
Strugaonline

Facebook Коментари