Денеска во Струга одбележани 75 години од смртта на Нико Нестор

- Локални
2637

Основната организација на  борците од Струга, по повод 75 години од трагичната смрт на младиот студент и секретар на МК на КПМ-Струга – првоборецот Нико Несор и 98 години од неговото раѓање на 25 септември 2018 година во 10 часот, делегација положи свежо цвеќе на споменикот во паркот пред зградата на ОО на СЗБ-Струга.

Меѓу плејадата млади македонски интелектуалци што во текот на Народноослободителната борба ги положија своите животи за слободата на својот народ, Нико Нестор зазема едно од најистакнатите места.

Останувајќи  сираче, без мајка и татко, Нико уште во најмладите години ќе го понесе товарот на макотрпниот живот и под ретко тешки услови ќе успее да го заврши своето средно образование, за во 1939 година да стане студент на Правниот факултет на Белградскиот универзитет. Непомирливиот противник  против владечката класа, Нико во Белград категорички ќе одбие да прими било какава стипендија, иако таква можност имал, бидејќи стипендиите се давале условно.

По капитулација на Југославија, Нико брзо ќе се најде во своето родно место, Струга, каде како доследен револуционер меѓу првите ќе се вклучи и ќе ја поведе илегалната борба на Партијата за организиран отпор и решителна борба против окупаторот. Нико со посебен револуционерен жар ќе продолжи со својата револуционерна активност, така што ќе успее за кусо време во најконспиративни услови на револуцинерен план да ја моблизира целокупната младина на Струга.

Доследен до крај на борбата, овој голем револуционер и секретар на Месниот комитет на КПЈ на Струга, Нико Нестор, ќе биде откриен од шпиуните, што од сите бои дејствуваа на струшкото подрачје, и ќе стане жртва на провалата на 7 мај 1943 година паѓајќи во рацете на немилосрдната италјанска полиција. Бил затворен во Струга, па преку злогласниот логор „Порто Романо“, до Политичкиот затвор во Тирана, каде што едно подруго по апсењето ќе биде преместуван. Врз овој неустрашлив борец, врз секретарот Нико Нестор ќе се вие и ќе се крши бичот на најсвирепата тортура со единствена цел: по секоја цена овој неустрашлив дух да се скрши и да се натера да ја признае илегалната припадност на КПЈ и раководната улога што тој ја има.

– Но Нико за се остана нем. При такви услови, ете, при најголеми саможртвувања на 25 септеври 1943 година, во својата 25 годишна возраст, со високо крената глава го заврши својот живот овој голем херој за слободата на македонскиот народ, првоборец и секретар на Месниот комитет, Нико Нестор. Истакна секретарот на ОО на СЗБ-Струга Никола Попоски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари