Денеска започнува фестивалот на народна култура „Пображење 2018“ во Вевчани

- Забава, Локални
848

Од денеска па се до 19-ти август во организација на КУД „Дримкол“  во Вевчани ќе се одржи фестивалот на на народна култура „Пображење 2018“

Фестивалот ќе започне во Домот на културата во Вевчани со Вечер на Етнолошкиот документарен филм со Музеј на Македонија и Македонско етнолошко друштво на која ќе бидат преставени филмовите: „Мариовска свадба“ од авторката Вера Кличкова и „Пишање на невестата“ од авторот Владимир Јаневски.

Втората фестивалска вечер ќе започне со дефиле на учесниците низ Вевчанските улици, а ќе настапат културно-уметнички друштва и ансамбли од Македонија, Естонија, Полска, Литванија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во рамките на фестивалот, ќе се одржи и манифестацијата „Народната култура во Вевчани , инспирација за ликовните уметници“ на која ќе учествуваат Славица Секуловски од Амстердам, Холандија и Марјан Стојаноски од Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари