Destiny Dianna Thompson: Никогаш нема да го заборавам играњето кошарка во Струга, тука стекнав нова фамилија

Ви ја претставуваме Destiny Dianna Thompson, 25 годишна кошаркарка од САД која игра во редовите на ЖКК Струга 2009. Млада и успешна девојка која редовно е прва на списокот најефикасни кошаркарки на натпреварите. Со Thompson зборуваме за нејзината кариера, одлуката да дојде токму во Струга , нејзиното искуство со кошаркарките и воопшто со граѓаните од нашиот град.

Strugaonline: Вие сте Американка, од колеџ во вашата држава отидовте да играте во Суботица, па потоа дојдовте во Струга. Го запознавте балканскиот менталитет, па можеме слободно да прашаме како е доживеана кошарката како спорт во САД, а како е овде на Балканот?

Destiny Dianna Thompson:  Фамилиите на коашркарките и обожавателите на кошарката тука се многу страсни навивачи и вклучени во натпреварите. Но, кошарката не е толку изрекламирана како што e тоа случај во САД.

Strugaonline: Зошто одлучивте да играте во ЖКК Струга 2009 и какво е Вашето искуство со струшките кошаркарки и со тренерот Владимир Ѓоровиќ?

Destiny Dianna Thompson: По сите позитивни работи кои ги слушнав за тренерот Владо и за градот, единствен интерес ми беше да се подобрам како играч. Чувствував дека играњето кошарка во Струга е супер можност не само да му помогнам на тимот, туку и да се развивам како играч. Тренерот Владо ми ја даде таа можност и многу сум благодарна. Играњето тука во Струга е искуство кое никогаш нема да го заборавам. Се чувствувам како тука да стекнав нова фамилија.

Strugaonline: Ако ја тргнеме на страна кошарката, како би го опишале Вашиот престој во Струга? Дали стекнавте пријатели, што Ви се допаѓа овде, а што не?

Destiny Dianna Thompson: Престојот во Струга ми беше многу забавен. Сите кои ме запознаа овде, знаат како се чувствував во врска со студеното време, зимата тука е понекогаш тешко да се поднесе. Тоа малку влијаеше дури и на мојата игра, но , успеав да се адаптирам. И на други места се случува во зима се’ да успорува во споредба со лето. Благодарение на мојот тим и пријателите кои ги стекнав овде , времето помина побрзо од што мислев.

Strugaonline: Каков тим е ЖКК Струга 2009 споредено со другите тимови за кои што имате играно? По што се карактеристични стружанки?

Destiny Dianna Thompson:  ЖКК Струга 2009 игра тимска кошарка, имаме играчи кои лесно се адаптираат. Имаме играчи кои можат да ги чуваат сите играчи од позиција 1 до позиција 5 и да трчаат. Дел од другите тимови имаат поискусни играчи додека ние сме сеуште многу млади.

Strugaonline: Кои се Вашите планови во иднина поврзани со кариерата?

Destiny Dianna Thompson:  Кошарката ме има однесено на многу места кои секогаш ќе ги ценам. Не знам што ќе се случи следно, но секогаш ќе бидам подготвена да одам било каде каде што ќе ме однесе играта.

Strugaonline

Facebook Коментари