Дискусија за родовата нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените наскоро во Струга

- Локални
658

Караванот дискусии посветен на родовата нееднаквост и предизвиците со кои се соочуваат жените во професионалниот и секојдневниот живот продолжува во Струга.

„На дискусијата главните говорници, Лидија Мојовска и Анита Латифи ,ќе говорат за важноста на солидарноста помеѓу жените, за поместување на бариерите во општеството и ќе ја споделат својата животна и професионална приказна.“ – информираат организаторите

Дискусијата ја организира „Стела“  во соработка со Клуб Комбинати и ќе се одржи на 20 септември (четврток) со почеток од 18:00 ч. во Американското Катче.  На настанот ќе биде обезбеден превод на македонски и албански јазик.

Strugaonline

 

Facebook Коментари