Доријан Петкоски е балкански шампион во џудо, бронза за Томи Блажевски – Успешно заврши настапот на нашите репрезентативци на Балканското Првенство У13 во Пале, Босна и Херцеговина!

- Локални, Спорт
228
Успешно заврши настапот на нашите репрезентативци на Балканското Првенство У13 во Пале, Босна и Херцеговина!
Доријан Петкоски го освои златниот медал и со тоа стана Балкански шампион а Томи Блажевски го освои бронзениот медал. Одличен настап имаше и Емилија Паскоска која ја изгуби борбата за трето место и заврши како петта. Солидни беа и Амар Бајрамоски, Стефани Мицкоска, Немања Џагадуроски и Хамида Друштинац но не успеаа да остварат повисок пласман.
Водичот на тимот спортскиот директор на ЏФМ Ѓорѓија Стојанов е задоволен од прикажаното на спортистите и со сигурност тврди дека во овие деца има потенцијал за постигнување на уште повисоки резултати во иднина.
Во Пале присуствуваше и Претседателот на ЏФМ г-дин Владимир Трпаноски кој присуството го искористи да ги следи настапите на нашите спортисти како и обавување на службени активности како потпретседстел во Балканската Џудо Асоциација.
На Балканското Првенство како дел од делегацијата на ЏФМ беше и судијата Томе Јосифоски, ИЏФ континентален судија кој беше контролор на татами 3 и исто така судеше повеќе финални и борби за трето место.

StrugaOnline

Facebook Коментари