Душан и Костадинка слават 70 години љубов!

- Занимливо, Локални
167

Ова е инспиративна приказна за двајца луѓе кои се во љубов и среќен брак седум децении!

Душан и Костадинка Лошкоски од с. Оровник, во прекрасна атмосфера, опкружени со своите најблиски-три сина, 6 внуци и 12 правнуци, но и со волонтерите на Црвен крст Охрид, вчера ја одбележаа 70 годишницата од својот брак. Душан роден 1930 и Костадинка родена 1927 се запознале во септември 1948 год, а брак склучиле на 06.02.1949.

Се запознале на нечија свадба каде Душан како млад девер, бил „бендисан“ од братот на Костадинка за својата сестра, па со стројници братот и таткото од Костадинка отишле кај таткото од Душан за да се договорат за свадба.

Последниве две години во животот на Душан и Костадинка е исполнет и со најразлични активности и дружења во Црвен крст Охрид со волонтерите-нивни врсници од Програмата на грижа за стари лица, што им дава посебен смисол и исполнетост во животот, за што изразуваат голема благодарност до Црвен крст Охрид.

Извор и фото: Црвен Крст Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари