Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во струшко

- Локални, Хроника
273

Синоќа околу 22.40 часот на локалниот пат село Ливада- село Корошишта во Струга, Б.С.(17) од село Теферич, струшко, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.С. и сопатникот Б.П.(33) од село Биџово, струшко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“-Охрид Увид на место извршила екипа од СВР Охрид.     

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари