Џамбо Агушев оркестар, Фолтин, Кирил Џајковски на Вевчански карневал 2018!

- Забава, Локални
1609

Вевчанскиот карневал 2018-та кој традиционално  ќе се одржи во период од 12-ти до 14-ти овој месец и годинава нуди богата програма и е на висина на задачата. Во деновите кога сите патишта водат во Вевчани ќе настапат реномирани музички имиња како што доликува на карневар од ваков вид. На 12-ти јануари DJ сет ќе има легендарниот Кирил Џајковски, а свои настапи ќе имаат и Фолтин и Pluto’s Doubts. Следниот фестивалски ден, на 13-ти јануари вевчанци и бројните гости ќе уживаат со Чајлгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска. Вевчани сите гости ќе ги прими и пречека  во својата единствена и уникатна василичарска атмосфера.

Strugaonline

Facebook Коментари