Џудистите од Подгорци освојуваат медали после само три месеци работа

- Локални, Спорт
838

Салих Тајроски, Салих Рахимоски, Ислам Оџоски. Минур Ајдиноски и Емил Ајдиноски се џудисти од џудо секцијата во село Подгорци отворена од страна на џудо клубот ,,Дрим“ од Струга.

Тие неодамна го имаа своето прво натпреварување, со џудистите од Струга учестуваа на Меѓународниот натпревар ,,Скопје Опен“. Салих Тајароски, Салих Рахимоски и Ислам Оџоски успеаа да освојат бронзени медали по само три месеци работа.

-Овие медали се огромен успех со оглед на краткиот период на тренирање. Џудо секцијата во Подгорци ја отворивме пред само три месеци. Она што е важно е дека во овие деца има многу талент и желба за победа. Сигурен сум дека доколку продолжат со ова темпо, ќе имаме и државни прваци од Подгорци-изјави за Strugaonline нивниот џудо тренер Ѓорги Стојанов.

Тој додаде дека тимот од џудо клубот ,,Дрим“ е подеднакво посветен и на џудистите од Струга и на џудистите од Подгорци. Потенцира дека со секое дете се работи максилмално и се развива големиот потенцијал што носи одлични рзултати на натпреварувањата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари