Џудистите од Струга освоија седум медали на „Prilep Open 2018“

- Локални, Спорт
995

Џудо клубот „Дрим“ –Струга учествуваше на Меѓународниот натпревар во џудо „Prilep Open 2018“. Џудистите од Струга на ова натпреварување освоија седум медали.

Во категоријата „Помлади пионери“ медали освоија:

Стефан Попоски (сребро)

Берин Шабоски (сребро)

Герасим Кумбароски (бронза)

Васил Томаноски (бронза)

Во категорија „Пионери“ најдобри од нашиот клуб беа:

Христијан Глигороски (Злато)

Марио Нелоски (сребро)

Во категоријата „Кадети“ Андреј Чакароски освои бронзен медал.

На „Prilep Open 2018“ одлично се претставија и Имран Мемеди и Халид Салјоски, но за жал не успеаа да освојат награди.

Успесите на џудо клубот „Дрим“ од Струга се нижат на секое натпреварување. Џудистите се вистински спортски бренд на Струга, на Македонија и надвор од нашите граници.

Strugaonline

Facebook Коментари