Џудистите од Струга се вратија со медали од натпреварот во Вршац

- Локални, Спорт
1995

На 28.04.2018 Џудо клубот „Дрим“ од Струга учествуваше на меѓународниот натпревар „Трофеј Вршца“ во Вршац ,Србија организиран од страна на ЏК „Локомотива“. На овој натпревар учествувааа 350 џудисти. Струшкиот џудо клуб беше претставен од страна на четири натпреварувачи. Со медали се закитија:

Петар Дуноски 38kg – бронзен медал

Марио Нелоски-46kg бронзен медал

Моника Стојковска -52kg бронзен медал

Во одлично светло се претстави и Ана Марија Стојмиловска но за жал не успеа да се закити со медал.

Заедно со џудистите од Струга кои се претставија на натпреварот во Пловдив Бугарија, ЏК „Дрим“ во Струга донесе вкупно шест медали од два различни натпревари.

Strugaonline

Facebook Коментари