Џудо клубот ,,Борса“ од Мостар е севкупен победник на Интернационалниот џудо турнир ,,Струга опен“ 2022

- Локални, Спорт
102

Викендов во Струга се одржа седмото издание на Интернационалниот џудо турнир ,,Струга опен“ 2022, во организација на џудо клубот ,,Дрим“ од Струга.

Севкупен победник на турнирот е џудо клубот ,,Борса“ од Мостар.  Најуспешен тим во  категорија јуниори У21 беше клубот ,,Милениум“ од Подгорица.

Во категорија пиоенери победник е клубот ,,Трепча“ од Косовска Митровица, а во категорија полетарци триумфираше џудо клубот ,,Тирана“ од Албанија.

,,Седмото издание на овој интернационален турнир помина перфектно, успешно угостивме 456 луѓе од 9 земји, во Струга дојдоа џудисти од 43 клубови и сите од нашиот град си заминаа задоволни. Одлучивме да бидеме добри домаќини и во натпреварувачкиот дел, затоа, клубот домаќин односно џудо клубот ,,ДРИМ“ од Струга не се вбројуваше во севкупното бодувањето. На тој начин, сакаваме да им дадеме предност на гостинските клубови, Презаодоволен сум од ова седмо издание и традицијата ќе си продолжи и следната година.,,-изјави за Strugaonline Ѓорги Стојанов, тренер на струшките џудисти.

На овогодинешниот интернационален џудо турнир учествуваа клубови од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Србија, Косово, Црна Гора, Романија и Украина.

Гостите од споематите земји се запознаа и со македонскиот фолклор, на самото отварање настапи КУД ,,Илинден“ од Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари