Џудо клубот „Дрим“ од Струга е домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии

- Локални, Спорт
1161

Џудо клубот „Дрим“ од Струга денеска е домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии. На семинарот учествуваат и млади, нови тренери кои што сакаат да почнат да работат, да добијат дозвола за работа и лиценца, како и млади судии кои планираат да се унапредат во својата кариера, истите денска ќе полагаат теоретски тест, а на главните државни првенства и практичен тест.

„Како член на комисијата, заедно со моите двајца колеги имаме подготвено неколку презентации за нашите колеги тренети. Едната е на колегата Ѓорѓија Стојанов кој што ќе зборува во делот на нутрциски протоколи, а јас имам подготвено тема за етички кодекс на однесување на тренерите, а судиската комисија во делот за судии имаат подготвено свои теми кои ќе бидат одработени денеска. Струга е град каде џудото веќе неколку години традиционално се подигнува на се повисоко ниво  и нашата џудо федерација го одреди како домаќин.  Џудо клубот „Дрим“ како технички организатор ни нуди  одлични услови “-изјави Горан Мицкоски, член на Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренети на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија.

„Џудо федерацијата на Македонија ни ја даде честа да бидеме организатори на овој семинар. Се надевам дека сите присутни ќе бидат задоволни од нашата организација и дека сите присутни ќе се стекнат со потребите знаења што понатаму ќе им служат во тренерската и судиската работа. На тој начин, ќе имаме се поголеми успеси во џудо спортот.- изјави Ѓорѓија Стојанов , член на Џудо-клубот „Дрим“ од Струга и член на Комисијата за едукација и лиценцирање на Џудо тренери.

„Овде сме за да го одржиме вториот судиски семинар кој ќе ги опфати измените на најновите правила од интернационалната џудо федерација , а ќе ги разгледуваме и правилата одржани од страна на  IGF во  Доха, Катар. Истите правила веќе ги разгледавме, а ова е втор семинар на кој имаме презентација на истите правила и  промените кои се донесени во правилата, ќе има лиценцирање за постојните судии како и полагање за нови судии.-изјави Златко Јолески – претседател да судиска комисија на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија.

Веќе од следната недела, на 8-ми март следува првото државно првенство, а комисијата денеска ќе одржи состанок на кој ќе бидат утврдени лиценците и дозволите за работа за сите Џудо-тренери, а потоа ќе биде објавена листа на сите носители на џудо тренери и ќе се функционира соодветно на  статутот и правилникот.

Извор и фото: Strugaonline

 

Facebook Коментари