Џудо клубот „Дрим“ од Струга освои четири медали на натпревар во Црна Гора

- Локални, Спорт
681

Изминатиов викенд џудо клубот „Дрим“ од Струга учествуваше на Меѓународен натпревар „Розаје 2019“ што се одржа во Розаје, Црна Гора.

Струшкиот џудо клуб беше претставен со шест натпреварувачи. Во многу голема конкуренција од повеќе земји од Балканот и Европа стружани освоија четири медали од кои два златни, еден сребрен и еден бронзен.

Со медали се закитија

Даријан Петкоски-злато

Дион Лена-злато

Анамарија Стојмиловска – сребро

Марио Нелоски – бронза

На натпреварите добро се претставија и Андреј Славковски и Давид Танаскоски.

Strugaonline

 

Facebook Коментари