Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга освои 15 медали на Меѓународниот натпревар “Скопје Опен 2024”.
На Струга и’ припаднаа четири златни, пет сребрени и шест бронзени медали, а прв пат се натпреваруваа и џудисти од џудо секцијата во село Подгорци.

,,Ова за нас е посебен момент. Џудистите од Подгорци, не само што настапија туку освоија и три медали. За само три месеци успеавме да изградиме џудисти кои освојуваат медали на меѓународни натпревари и секако ќе бидат иднината на џудо спортот во с. Подгорци.“-велат од џудо клубот ,,Дрим“ -Струга.
Со златен медал се закитија Мишела Јаулевска, Амар Бајрамоски, Катерина Клењоска и Филип Шипоски.
Сребрени медали освоија Мила Стојмиловска, Мила Стојанова, Елеонора Јосифоска, Анамарија Стојмиловска и Мелани Јакуповска.
Со бронзени медали во Струга се вратија Салих Тајроски, Салих Рахимоски, Давид Спироски, Драгица Рафтоска, Давид Јаулевски и Андреј Гогоски.
Џудо клубот Дрим со осум свои џудисти настапи и на Меѓународниот турнир ,,Јагодина Опен“ во Србија и освои седум медали.
Анамарија Стојмиловска освои златен медал, Драгица Рафтоска, Мила Стојмиловска, Лука Трца и Катерина Кљенкоска во Струга се вратија со бронзени медали. Сребрени медали освоија Мила Стојанова и Елеонора Јосифоска, а Давид Спироски го освои петто место.

– Честитки за нашите фантастични џудисти кои изобилуваат со талент и знаење и секако за тренерите на ЏК Дрим Струга за нивната макотрпна и посветена работа, одлучност и едукација кој долги години вложуваат напор и создаваат врвна спортска иднина за децата и џудо спортот во Струга.-велат од џуо клубот Дрим.
Strugaonline
Facebook Коментари