Џудо клубот ,,Дрим“ освои десет медали на два Меѓународни натпревари

- Локални, Спорт
536

Продолжува низата на фантастични резултати на Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга.

Повторно два Mеѓународни натпревари и десет освоени медали.

На натпреварот ,,КИНЕЗИС КУП“ во Србија џудистите имаа комплетен учинок, односно седум медали со седум учесници од  кои два златни, три сребрени и два бронзени.

На натпреварот ,,ШЧЕПАН СИМАНИЧ“ во Црна Гора нашите џудисти освоиja три медали со четворица натпреварувачи од кои еден сребрен и два бронзени.

Резултати на натпреварот во Србија:

1. Давид Спироски -прво место

2. Елеонора Јосифоска -прво место

3. Амар Бајрамоски -второ место

4. Анастасија Трајчевска -второ место

5. Мила Стојмиловска -второ место

6. Анамарија Стојмиловска -трето место

7. Давид Ќосески -трето место

Резултати од натпреварот во Црна Гора

1. Филип Шипоски -второ место

2. Божидар Јуловски -трето место

3. Лука Трца -трето место

4. Албин Чолаку- петто место.

,,Тука не застануваме, продолжуваме понатаму со следни предизвици. Ни преостануваат уште неколку натпревари до крај на сезона во Целје , Миоки и Државно Екипно Првенство во Македонија.“-информираат од Џудо клубот ,,Дрим“ од Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари