Џудо клубот „Дрим“ освои невeројатни 21 медали на „Миоки Опен“ 2018

- Локални, Спорт
177

На 11.11.2018 година ЏК „ДРИМ“ Струга учествуваше на деветтиот меѓународен натпревар „МИОКИ ОПЕН” 2018 на кој настапија триста натпреварувачи од десет земји. На натпреварот , струшкиот клуб настапи  со дваесет и три натпреварувачи и освои дваесет и еден медали (пет златни, четири  сребрени и дванаесет бронзени) и пехар за најуспешен тим во конкуренција на полетарци.

Со медали се закитија: ЗЛАТЕН МЕДАЛ:

1. Андреј Чакаровски -90кг кадети

2. Доријан Петкоски – 18кг полетарци

3. Теодор Петкоски -24кг полетарци

4. Анамарија Стојмиловска -28кг полетарки

5. Христијан Глигороски -73кг пионери

СРЕБРЕН МЕДАЛ:

1. Jован Мечкароски -21кг полетарци

2. Берин Шабоски -21кг полетарци

3. Суела Шабоска -36кг полетарки

4. Суела Шабоска -36кг вон конкуренција

БРОНЗЕН МЕДАЛ:

1. Марио Нелоски -42кг пионери

2. Андреј Симоноски -50кг пионери

3. Мила Стојмиловска -25кг полетарки

4. Мила Стојмиловска -25кг вон конкуренција

5. Јован Џероски -24кг полетарци

6. Андреј Славкоски -27кг полетарци

7. Давид Спироски -24кг полетарци

8. Васили Томаноски -30кг полетарци

9. Божидар Јулоски -18кг полетарци

10. Божидар Јулоски -18кг вон конкуренција

11. Јован Јовчески -24кг полетарци

12. Андреј Јовчески -27кг полетарци

„Ова е огромен успех за Џудо Клуб “ДРИМ” Струга и доказ за посветената работа. Секоја чест и пофалби за прекрасната организација на ЏК МИОКИ од Скопје,  беа одлични домаќини.“ – велат од џудо-клубот „Дрим“-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари