Џудо клубот ,,Дрим“-Струга доби ново комбе, донација од холандска фондација

- Локални, Спорт
821
Фондацијата Stichting “Hulp Macedonie” од Холандија донираше комбе на ЏК ,,Дрим“-Струга.
-Задоволство е да се има пријатели како Џесика, Рејмонд, Мариа, Петар, Руд , Фрида и Славица на кои сме им неизмерно благодарни за донацијата и кои се директно заслужни за напредокот на нашиот клуб. На наше огромно задоволство на церемонијата на предавање на комбето присуствуваше Нејзината Екселенција, Амбасадорот на Република Македонија во Република Холандија, Бети Јачева, која во име на сите македонски граѓани им се заблагодари на претставниците од Stichting “Hulp Macedonie” за нивното долгогодишно залагање и помош кон граѓаните на Македонија.-информираат од ЏК ,,Дрим“.
На покана на амбасадорката, дел од тимот на струшкиот клуб гостуваше во амбасадата на Македонија во Холандија каде имаа можност да поразговарат за нивната работа, успесите на ЏК Дрим -Струга како и идните активности што им претстојат.
Strugaonline

Facebook Коментари