Едно лице загина, а две лица се повредени во пожар во Калишта

- Локални, Хроника
862

Едно лице загина, а три се повредени во пожарот што избил утринава во куќа во селото Калишта.

Ноќеска во 02:35 часот во полициска станица Струга било пријавено дека во селото Калишта, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Р.Е.(73) од село Калишта, при што од пожарот со тешки телесни повреди се здобил Р.Е., кој им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобиле М.Е., Е.Е. и И.Е., сите од Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари