Екипата на „Еуро стил“ е победник на турнирот во мал фудбал „Враништа 2017“

- Локални, Спорт
2214
Заврши Турнирот во мал фудбал “Враништа 2017”
Во големото финале се натпреваруваа екипите на Жито Леб – Охрид и Еуро Стил – Охрид кој по одиграните 20 минути беше 1:0 за Жито леб, додека во вторите 20 минути подобра беше екипата на Еуро Стил која направи пресврт во последните минути и го доби мечот со 1:2. со тоа ја славеше победата и освоеното Прво место на овогидешниот турнир во мал фудбал “Враништа 2017”.
За трето место се бореа екипите на Д-р Баткоски и Сатеска кој после одиграни 3:2 (полувреме) 3:3 (Крај) и 4:1 ( по изведување на пенали) Екипата на Д-р Баткоски беше подобриот противник и го освои третото место, додека екипата на Сатеска го освои четвртото место.
 Наградата за најдобар голгетер ја доби играчот од екипата на Сатеска – Никола Секулоски, а
наградата “Симе Стојаноски” за најдобар играч на турнирот ја доби играчот на Еуро Стил – Далчев Љупче
Одржувајќи ја својата традиција турнирот во мал фудбал „Враништа 2017“ и годинава на љубителите на спортот им приреди спортски ноќи исполнети со возбуда, неизвесност и фер игра. Ова е атмосферата низ фотографии:
Извор: Strugaonline

Facebook Коментари