Екипата на ,,Кафе бар 9″ е победник на 30-то издание на турнирот во мал фудбал ,,Враништа 2024“. Играчите на оваа екипа добија награда од 80 000 денари, а нивниот голман Шаќир Мухамед беше прогласен за најдобар голман на турнирот , тој доби пехар и парична награда од 2500 денари.
Второ место и парична награда од 36 000 денари освои екипата АСП Пак.
Најдобрата тројка ја заокружи екипата на ,,Инекс Олгица”, играчите од оваа екипа добија парична награда од 18 000 денари. Нивниот играч Каба Албнор беше прогласен за најдобар голгетер и ја доби наградата ,,Симе Стојаноски”- пехар и 2500 денари.
Четвртото место на турнирот во мал фудбал Враништа 2024 и награда од 4000 денари освои екипата на “Сквер кафе”.
Strugaonline
Facebook Коментари