Екипата на Мистер И (Охрид) e победник на турнирот во мал фудбал „Враништа 2018“

- Локални, Спорт
1710
Заврши Турнирот во мал фудбал “Враништа 2018”
Сабота 02.06.2018
Натпревар за IIIто место 21:00 Искра – Сатеска (3:3); 3:4
Натпревар за Iво место 22:00 Мистер И – Жито Леб (2:0); 3:0
Освојувач на четвртото место на Турнирот во мал фудбал Враништа 2018 е екипата на Искра (Мороишта)
Освојувач на третото место на Турнирот во мал фудбал Враништа 2018  е екипата на Сатеска (Волино)
Освојувач на Второто место на Турнирот во мал фудбал Враништа 2018 е екипата на Жито леб (Охрид)
Освојувач на првото место на Турнирот во мал фудбал Враништа 2018 e eкипата на Мистер И (Охрид)
Награда за голгетер, а воедно и најдобар играч
(нааграда „Симе Стојаноски” ) на турнирот во мал фудбал “Враништа 2018”  освои играчот од екипата на Мистер И   Христијан Димоски
„Со овие натпревари го доведовме до крајот 26тото издание на турнирот во мал фудбал Враништа 2018. Ни беше чест и задоволство што бевме дел од оваа организација, дел од една ваква манифестација која приреди забава, дружење, спорт и рекреација. Благодарност до сите симпатизери на спортот, симпатизери на фудбалот кои што не’ следеа во текот на турнирот, благодарност до сите екипи, до сите играчи кои што ни принудија добра игра, и се разбира, благодарност до сите спонзори и личности кои помогнаа овогодинешниот турнир да заврши успешно.“ – велат организаторите.
Strugaonline

Facebook Коментари