Екипата на Струга Трим Лум славеше против Велазерими

- Локални, Спорт
1010

Екипата на Струга Трим Лум славеше во дербито од 8-то коло во втората македонска фудбалска лига – Запад совладувајќи ја екипата на Велазерими со резултат 4-1. Од постигнатите голови, два се на Благојче Главевски, а по еднаш погодија  Аљтин Лога и Ардит Шаќири.

Тетекс беше подобар од Македонија ЃП со 1-0, благодарение на погодокот на Енис Дервиши во 31. минута од натпреварот.

Гостивар и Лабуништа одиграа без голови.

Oва се резултатите од осмото коло:

Локомотива – Еуромилк ГЛ 2-1

Гостивар – Лабуништа 0-0

Новаци – Зајази 6-1

Струга Трим Лум – Велазерими 4-1

Тетекс – Македонија ЃП 1-0

ТАБЕЛА: Велазерими 16 бода, Струга Трим Лум 15, Гостивар 15, Локомотива 12, Тетекс 12, Еуромилк ГЛ 10, Лабуништа 9, Новаци 8, Македонија ЃП 7, Зајази 5 бода.

Извор и фото: екипа.мк

Strugaonline

Facebook Коментари