Експертски работен состанок за Дримскиот басен во Атина

- Локални, Македонија
687

Денеска и утре во Атина, како активност во рамките на Дримскиот Процес, се одржува работен состанок на експерти од сите Земји на Дримскиот басен (Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Грција) .
„Експертите активно ќе работат на анализа на причинско последичните врски на проблемите во Дримскиот басен и суб басените на езерата Охридско ,Преспанско и Скадарско.
Исто така ќе се утврдуваат причините за нарушувањето на квалиттеот на водите во басенот, нарушувањето на биодиверзитетот, варијабилноста на хидролошкиот режим и транспортот на седимент,(се во прекуграничен контекст) но и ќе се утврдуваат и активности за реакција и спречување на причините.“ – информира националниот координатор Дејан Пановски


Целата анализа е контрибуција во изработката на Стратешкиот Акционен План за сливот на реката Дрим, што ќе биде документ кој државите ќе го преговараат во контекст на приоритетите за заштите и управување на целиот слив но и неговите под-сливови.


Состанокот е организиран и воден од страна на Глобалното партнерство за води – Медитеран кој е егзекутивен спроведуцач на ГЕФ Дримскиот Проект.

Strugaonline

Facebook Коментари