Еуфорија за натпреварот помеѓу РК Струга и РК Охрид, бидете дел од публиката на трибините во Охрид

- Локални, Спорт
965

Утре во спортската сала „Билјанини извори“  во Охрид,  во рамките на Суперлигата се игра натпреварот помеѓу ракометните клубови на Струга и Охрид. Познато е спортското ривалство помеѓу овие две екипи, а и страсните навивачи ќе се натпреваруваат кој е поголем фан на ракометот и својот клуб и град.

Охриѓани најавуваат  интернет-пренос кој ќе биде направен според стандардите на средба од Лигата на шампионите. Тоа подразбира пренесување на возбудувањата од теренот со шест камери, соодветна графика, репетиции и се што доликува на еден значаен натпревар.

Така, и вљубениците кои нема да имаат можност да бидат во салата овој натпревар и сите возбудувања што истиот се очекува да ги донесе ќе можат да го следат преку интернет.

Натпреварот ќе започне во 19:3о часот, а армија фанови на ракометот и РК Струга организирано ќе тргнат од Струга и од трибините ќе ги бодрат нашите ракометари.

Strugaonline

 

Facebook Коментари