ФК Караорман ќе цели кон втора лига, а годинава слави 97 години постоење

- Локални, Спорт
104

Со голем број засилувања,  третолигашот ФК Караорман претстојнава сезона ќе цели кон првото место,  а со тоа и влез во втора лига.

Во Караорман пристигнаа Никола Секулоски од Волино, Дарко Силјаноски од Охрид, Климе Далчески од Лабуништа, Ненад Попоски од Влазними, Ахмет Бељули од Фљамуртари и Димитар Далчески од младите категории на прволигашот Пелистер. Претходно, од клубот потврдија дека дресот на Караорман оваа сезона ќе го облечат  и Крсте Тикоски, Валентин Горгиески и Марјан Чолески од Велешта.

Клубот годинава слави 97 години постоење.

Strugaonline

Facebook Коментари