ФК Караорман на домашен терен утре игра со ФК Пелистер, Паткари подготвени за бодрење на нашите фудбалери

- Локални, Спорт
419

Во рамки на 11-то коло од втората лига, екипата на ФК Караорман утре на домашен терен игра со екипата на ФК Пелистер од Битола. Натпреварот започнува во 13:00 часот , а навивачката група ,,Паткари“ ги повикаа сите љубители на фудбалот да ги бодрат нашите фудбалери.

,,Во сабота сите патишта водат кон градскиот стадион, во сабота присуството е задолжително.
Утакмицата е со почеток од 13:00ч, а собирот на ПАТКАРИ е закажан за 12:00ч во Паркот на Поезијата. Собери ја екипата и дојди на утакмица.,, – велат Паткари.
Strugaonline

Facebook Коментари