ФК Караорман со неверојатни 9:0 славеше над ФК Дебарца

- Локални, Спорт
739

Изминатиов викенд започна 17-коло  од Трета лига-Југозапад. ФК Караорман на домашен терен славеше голема победа над ФК Дебарца со резултат од 9:0. Првиот гол за нашиот тим го постигна Цветан Глигороски во 13-та минута, два гола постигна Ивица Ќелешоски за резултат 3:0.  Во 39-та минута Никола Димов погодои за 4:0 , со тој резултат заврши првото полувреме.

Во вториот дел , во 58-та минута Стефан Крстески постигна гол за 5:0 , Кристијан Домазетоски постигна два гола ( во 67-ма и 72-ра минута) за 7:0 . Две минути подоцна Никола Димов го постигна својот втор гол за 8:0 Последниот гол на овој натпревар, за конечни 9:0 го постигна Марјан Чолески во 85-та минута.

Strugaonline

Facebook Коментари