Ѓоко Танески и Елена Велевска за дочекот на 2017 во Охрид

- Забава, Локални
1022

gjoko-taneski

За разлика од Струга кој веќе неколку години ништо не се организира за дочек на новата година, Охрид традиционално секој дочек го прави исполнет со квалитетна програма. Оваа година поп пејачот Ѓоко Танески и фолкерката Елена Велевска ќе ги забавуваат охриѓани и гостите во градот на испраќањето на старата и дочекот на новата 2017 година. Оваа информација денеска ја соопштија од локалната самоуправа.

elena-velevska

Предновогодишниот хепенинг ќе започне на 31 декември во 12 часот со настап на ди-џеј Аце, а од 22 до 22 часот и 45 минути настапува ди-џеј Нести. По нивниот перформанс следува настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со Елена Велевска.

Facebook Коментари