На 9-ти јуни во Спортски центар „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржии деветтото издание на Интернационалниот џудо турнир „Struga Open 2024“. Турнирот со долга традиција, оваа година добива интерконтинентален карактер, затоа што пријавени се и џудо клубови од Африка, Египет и Азија. Struga Open 2024 е во организација на џудо клубот „Дрим“ од Струга, а деталите околу подготовките, учесниците, значењето на овој турнир за џудото во Струга и во Македонија воопшто, ги дознавме од Ѓорги Стојанов, еден од организаторите и тренер во џудо клубот „Дрим“. Разговорот можете да го проследите на следниов линк:
Извор и фото: Play radio
Facebook Коментари