Ѓоровиќ: Задоволен сум од резултатот на ЖКК Струга 2009 во WABA U17 лигата

- Локални, Спорт
702

Вчера во Вевчани се одржа четвртиот турнир во WABA U17 лигата. Од најавените екипи, не учествуваше PVSK NKA од Унгарија поради голем број на кошаркарки кои имале грип.

Во првиот натпревар, екипата на Бадел 1862 ја совлада екипата на Jedinstvo Dzenex  од Тузла со резултат 69:59. Во тимот на скопски Бадел најдобри беа Данилоска со 16 поени и 9 скока и Блажевска со 14 поени и 13 скока. Кај екипата од Тузла се истакнаа Гребовиќ со 31 поен и 6 скока и Јурченко со 12 поени и 16 скока.

Во вториот натпревар, домашната екипа ЖКК Струга 2009 беше подобра од екипата на Jedinstvo Dzeneks и ја совлада со резултат 84:60 (19:19;23:17;22:09;22:15) . Најдобри во нашиот тим беа: Чолакова со 30 поени и 5 асистенции, Модева со 22 поени и 10 скока, Вељаноска со 13 поени и 5 асистенции, Пешиноска со 8 поени и 10 скока, Филоска со 5 поени, Зенку со четири поени и Белеска со 2 поени. Кај гостите најдобра беше Гребовиќ со 29 поени.

„Moрам да истакнам дека спортскиот директор на ЖКК Jedinstvo Dzenex, поранешна репрезентативка на Југославија и БИХ, Мара Лакич-Брчаниноович (освојувач на сребрени медали на Олимпијада во 1988 година во Сеул и Европското првенство во 1991) беше презадоволна од нашиот прием, организација и однос. На моите кошаркарки им ја честитам денешната победа и задоволен сум како играа во лигата и начинот на кој го претставија нашиот клуб, нашиот град и државата. “-изјави Ѓoрoвиќ. селектор на ЖКК Струга 2009 за Strugaonline.

По завршувањето на WABA U17 лигата, екипата на ЖКК Струга 2009 го освои високото трето место со учинок од шест победи и два порази со ист учинок како и екипата на FSV од Ријека, која го освои второто место.

Strugaonline

 

Facebook Коментари