Green Beach #10 со супер-промо цена за првите фестивалски билети!

- Забава, Локални
595

Започна продажбата на билетите за десеттото, јубилејно издание на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ кој оваа година ќе се одржува НА 1-ВИ И 2-РИ АВГУСТ  на фестивалската локација кај ХОТЕЛ „ЕУРОТЕЛ“ ВО СТРУГА!

Првите влезници се достапни со НАЈПОВОЛНАТА ЦЕНА СО ДУРИ 50% ЗАШТЕДА во однос на нивната

финална цена односно само 700 ДЕНАРИ ЗА ФЕСТИВАЛСКИ (ДВОДНЕВЕН) БИЛЕТ. Оваа, earlybird продажна акција се спроведува САМО ОНЛАЈН И СО МНОГУ ОГРАНИЧЕН БРОЈ на влезници кои се достапни за купување на www.mktickets.mk [2], до истек на залихите.

Грин Бич, по повод одбележувањето на 10-тиот јубилеј, ова лето ќе се одржува со дводневна програма, а веќе се потврдени и првите хедлајнери со чии имиња Фестивалот ја продолжува својата традиција да претставува ексклузивни и премиерни настапи во Македонија на врвни изведувачи од светската електронска сцена.

Во ЧЕТВРТОК, 1-ВИ АВГУСТ за отворањето на фестивалот ќе биде задолжен апсолутниот лидер на

актуелната електронска сцена, еден од најголемите светски продуценти и симболот на Берлин како светска

престолнина на современата електронска музика, ПОЛ КАЛКБРЕНЕР  (PAUL KALKBRENNER)!

Втората вечер, во ПЕТОК, 2-РИ АВГУСТ е резервирана за настапот на швајцарскиот диџејски тандем АДРИАТИК  (ADRIATIQUE) кои важат за највозбудливото техно/хаус дуо во моментов и кои исто

така премиерно гостуваат пред македонската публика и тоа со ЕКСКЛУЗИВЕН 4-ЧАСОВЕН СЕТ.

„Потврдените настапи на овие изведувачи повеќе од доволно алармираат дека фановите на најквалитетниот електронски музички фестивал во земјава, треба да бидат навистина брзи за да ја искористат супер-промотивната понуда на билети, бидејќи големиот интерес наговестува и нивно брзо распродавање, а наскоро пристигнуваат и нови засилувања во програмата за јубилејниот Green Beach“-велат организаторите.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари