Група Маестро го претстави своето четврто музичко патување низ нашата преубава Македонија.
Овој пат тие свират и пеат за нашата Струга -градот на поезијата, градот на Црн Дрим, градот на Владо Малески, Коџоман, Наум Петрески, градот на мостовите…

Во проектот посветен на Струга опфатени се шест познати песни посветени на нашиот град и тоа:
,,Т’га за Струга “-Музика: Љупчо Трајковски – Фис, Текст: Иван Карадак, Оригинален аранжман: Љупчо Трајковски – Фис, Оригинална изведба: Наум Петрески (1991).
,,Што ми е мило, мило ем драго“ ,музика и текст: народни
,,Дрим тече среде Струга“ (Како Струга нема друга) Музика, текст и оригинален аранжман: Мате Грујовски, Оригинална изведба: Струшки бисери (1989)
,,Болно ми легнало Витето Белево“ Музика и текст: народни
,,Ми излегла Евда низ чаршија“ Музика и текст: народни
,,На Струга дуќан да имам“ Музика и текст: народни
Facebook Коментари