Групата „Архангел“ ќе настапи на Вевчански карневал 2019

- Забава, Локални
1469

Познатата група „Архангел“ ќе настапи на годинешното издание на карневалот во Вевчани. Најпознатиот театар на отворено и годинава ќе се одржи во период од 12-ти до 14-ти јануари. Денови кога сите патишта водат кон Вевчани.

Деновиве јавноста ќе биде информирана кој се’ ќе биде дел од овогодинешниот карневал кој негува долга традиција и е познат во светски рамки. Станува збор за уникатен театар на отворено каде што на оригинален начин метафорично се опишуваат општествените појави, а Вевчанци тоа знаат да го направат најдобро.

Strugaonline

Facebook Коментари