Групата „Камелеон“ слави јубилеј – дваесет години од своето основање

- Локални
865

Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели. Таков пример дефинитивно е групата „Камелеон“ која годинава слави дваесет години од своето постоење.

 Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки.

Групата „Камелеон“ по повод јубилејот пред Нова година ќе се одржи голем концерт.

Strugaonline

Фото: Група Камелеон FB

 

 

Facebook Коментари