Грузиец во Струга разменувал фалсификувани пари

- Локални, Хроника
1011

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, шполициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија. Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една  менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од  60.000,оо евра. При размената на парите, пријавениот  искористил прилика и на вработениот му вратил во плик фалсификувани евра (во износ од по 500 евра) а потоа си заминал. Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата но по извесно време, тој ги проверил парите и притоа утврдил дека  се фалсификат.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

 

     

Facebook Коментари