Христијан Миладинов и Алмир Бајрамоски ја промовираат песната ,,Сега е време“

- Локални, Музика
585

Струшките  музичари Христијан Миладинов и Алмир Бајрамоски ја промовираат песната ,,Сега е време“. Музиката и аранжманот ги создале заедно, а текстот е на Христијан Миладинов.

,,Mузичката спојка помеѓу нас двајца се случи преку еден наш заеднички пријател, па ете после неколку поминати средби, свирки, муабетења,  сфативме дека би можеле да формираме бенд, а со тоа и наши авторски песни. Текстот е мој, ,,седеше така во една фиока”  а музиката дојде спонтано кога на една проба, останавме до малку подоцна.“-вели Христијан.

За во иднина тие најавуваат и други авторски песни.

Strugaonline

Facebook Коментари