Христијан Миладинов ја промовира новата авторска песна ,,Градот на поезијата“

- Локални, Музика
663

Младиот и талентиран музичар од Струга, Христијан Миладинов , ја промовира својата нова песна насловена како ,,Градот на поезијата“.

,,Инспирацијата ја добив од својот роден град Струга, во видеото ги има местата на кои ги имам доживеано најубавите случки и имам најубави спомени, не само јас , туку и многу стружани. Првиот дел од песната е посветен на едно девојче кое за жал повеќе не е меѓу нас. Потоа темата се менува, пеам токму за љубовта кон некоја личност и љубовта кон градот“. – вели за Strugaonline, Христијан Миладинов.

Музиката и текстот се негово авторско дело, песната е снимена во студиото на Методија Столески заедно со Тоше Ангелески.

Strugaonline

 

Facebook Коментари