Хрватската група „Пракса“ со целовечерен концерт во Струга

- Забава, Локални
108

Утревечер со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „ Браќа Миладиновци“ –Струга целовечерен концерт ќе одржи групата „Пракса“ од Пула, Република  Хрватска.

„Пракса доаѓа од Пула (Хрватска) и има 8 членови. Од своето основање, во март 2014 година, имаат над шеесет настапи во Хрватска, Словенија, Србија, Австрија и Франција.

Ова ќе биде нивно прво претставување  во Македонија , а за оваа пригода, во чест  на домаќините подготвија и десеттина македонски традиционални песни што ќе бидат изведени на 18 ноември во рамки на нивниот стандарден репертоар (народни песни од светот) со кои ќе настапат во Струга.

Специјален гостин на концертот ќе биде Стефче Стојковски.

Влезот за настанот е слободен.

Strugaonline

 

Facebook Коментари